Граѓаните на кои им се брза да си обезбедат сопствен дом со субвенциониран кредит од проектот Купи куќа, купи стан" имаат време до 15. наредниот месец да ги соберат документите и да ги поднесат во банка. Дотогаш трае првиот оглас за пријавување што на почетокот на месецов го објави Министерството за финансии, откако претходно крајниот рок за спроведување на проектот од 31 декември лани го продолжи до 31 мај годинава. Огласот што е во тек е прв од вкупно четирите на кои ќе може да се поднесе пријава во годинашниот циклус од проектот Купи куќа, купи станн. До 31 мај ќе има уште три огласи. Вториот јавен повик ќе се објави на 16 февруари и ќе трае до 31 март, третиот од 1 април до 30 април и четвртиот јавен повик, според Министерството за финансии треба да трае од 1 мај до 31 мај 2013 година.
Граѓаните на кои им се брза да си обезбедат сопствен дом со субвенциониран кредит од проектот Купи куќа, купи стан" имаат време до 15. наредниот месец да ги соберат документите и да ги поднесат во банка.
Дотогаш трае првиот оглас за пријавување што на почетокот на месецов го објави Министерството за финансии, откако претходно крајниот рок за спроведување на проектот од 31 декември лани го продолжи до 31 мај годинава.
Огласот што е во тек е прв од вкупно четирите на кои ќе може да се поднесе пријава во годинашниот циклус од проектот Купи куќа, купи станн. До 31 мај ќе има уште три огласи. Вториот јавен повик ќе се објави на 16 февруари и ќе трае до 31 март, третиот од 1 април до 30 април и четвртиот јавен повик, според Министерството за финансии треба да трае од 1 мај до 31 мај 2013 година.
Како што веќе соопшти Министерството за финансии, лани во рамките на овој проект Владата субвенционираше станбени кредити во вкупна вредност од 3,5 милиони евра. Правилата и условите под кои може да се учествува и годинава остануваат исти. Заинтересираните може да бираат два вида државни субвенции. Во моделот половина рата Владата плаќа половина од ратите во првите пет години од отплатата на кредитот, додека пак, тие кои ќе го изберат моделот половина учество, ќе добијат субвенција во висина од половина од учеството што го бара банката, но најмногу до 6.250 евра.
Субвенциониран станбен кредит преку осум банки во државата може да се добие за купување стан, изградба на куќа или проширување на постоечки објект. Притоа цената на квадратниот метар изградена површина не смее да надмине 900 евра. Прилагодувајќи се на условите од проектот, градежните компании уште лани понудија поевтини станови, а и државата ја ограничи цената на комерцијалните становите што ги гради на бараните до 900 евра за квадрат.